ИНФО                                           
     
  СВП И ВАРШАВСКАТА ЕСЕН НА ПОЕЗИЈАТА
ЌЕ ФОРМИРААТ МЕЃУНАРОДНА АСОЦИЈАЦИЈА
НА ЕВРОПСКИТЕ КНИЖЕВНИ ФЕСТИВАЛИ


Струшките вечери на поезијата, најугледниот светски поетски фестивал и Манифестацијата Варшавска есен на поезија, покренаа иницијатива за формирање Меѓународна асоцијација на европските книжевни фестивали со основна цел – афирмација на книжевните вредности на евсопскиот простор, а со тоа и афирмација на националните литератури на Полска и Македонија, јави известувачот на МИА од Варшава.
Ова е главната точка од договорот за соработка меѓу Струшките вечери на поезијата и поетскиот фестивал Варшавска есен на позијата што во Варшава го потпишаа претседателите на управните одбори на двата фестивала, Славе Ѓорѓо Димоски и Марек Вавжкиевич. Во македонаката делегација од името на Струшките вечери на поезијата учествуваа и писателите Бранко Цветкоски и Петре Наковски. На чинот на потпушувањето на договорт присуствуваше и вонредниот и ополномоштен амбасадорот на Република Македонија во Варшава – Димко Кокароски.
Во рамките на иницијативата фестивалите презедоа обврски за анимација на постојните активни книжевни фестивали и собири на Балканот и во Европа и за нивно вклучување во идната организациона структура на Меѓународната асоцијација на европските книжевни фестивали, чии основачки акти, правно востановубвање и начин на дејствување ќе бидат усвоени на основачко собирање на членките идната пролет во Варшава.
Во потпишаниот договор меѓу двата поетски фестивала се зацврстуваат добрите врски што досега постоеја и во наредните четири години се предвидува катагодишно учество на по двајца претставници од двете литератури на Струшките вечери и на Варшавската есен на поезијата, организирање на посебно поетско претставување на современата македонска поезија на угледниот варшавски фестивал во 2010 година, со објавување на обемна антологија на македонската современа поезија на полски јазик, а во рамките на посебна вечер ќе бидепретсваена и полската современа поезија на Струшките вечери на поезијата во 2011 година.
- Сакам да верувам дека со потпишувањето на договорт за соработка и надградување на таа соработка на литературен план меѓу СВП и Варшавската есен на поезијата се иницира голема и сериозна заложба за здружување на европските поетски и книжевни фестивали во Асоцијација која ќе овозможи непречена комуникација и меѓусебно запознавање на националните литератури во Европа и уште еден поттик за афирмација на македонската литература и култура, изјави претседателот на УО на СВП Славе Ѓорѓо Димоски по повод потпишувањето на овој значан договор за афирмацијата на македонската литература во странство.
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  ПРОНАЈДЕНО ВОЗИЛОТО НА НАПАЃАЧИТЕ НА АЛФИТЕ

Возилото со кое беше извршен нападот врз Алфите пронајдено е ноќеска во близината на Скопје, а полицијата приведе на информативен разговор повеќе од десет лица.
Ова за Макфакс го изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски, најавувајќи дека во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали во врска со истрагата за вчерашниот напад на полициска екипа, во кој еден припадник на Алфите загина, а двајца беа ранети.
Котевски појасни дека возилото било пронајдено на Кучевишки пат, а приведените лица се испитуваат, поради можна поврзаност со случајот.
Врз полициската патрола вчера напладне беше пукано на паркингот на Природно - математичкиот факултет од возилото во движење. Напаѓачите биле со возило со „голф“ со темна боја и затемнети стакла.