ИНФО                                           
     
  ВАСИЛАКИС ПРОТИВ ДВОЈНАТА ФОРМУЛА,
ДИМИТРОВ ОЧЕКУВА „КОНКРЕТЕН ЧЕКОР“ ОД НИМИЦ


Посредникот во македонско-грчките преговори за разликите околу името Метју Нимиц во својата адвокатска канцеларија во Њујорк доцна синоќа по македонско време одржа одвоени средби со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, а потоа и со македонскиот Никола Димитров и шефот на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, јави Гласот на Америка на македонски јазик.
На новинарско прашање дали е задоволен од разговорите со Нимиц, Василакис по едночасовната средба изјави дека се уште е рано за конкретни оценки, како и дека не очекува ништо ново од денешната заедничка средба. На посредникот Нимиц му најавил дека ако другата страна инсистира на двојната формула, евентуалниот нов предлог ќе биде мртов.
Димитров очекува Нимиц денеска да направи „конкретен чекор“. - Од наша страна беше направено се да се зајакнат македонските позиции во овој процес и да се заштитат интересите на државата и на нацијата. Во рамки на овој контекст и на она што е можно, беше направено се. Очекуваме в среда да има кратка заедничка средба и најверојатно ќе има извесен конкретен чекор од страна на посредникот Нимиц, рече Димитров по одвоената средба со претставникот на ОН задолжен за преговорите.
За деенска во Њујорк е најавена и заедничка прес-конференција на Нимиц со претставниците на двете земји.
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  ГЕЈТС: САД СИЛНО ГО ПОДДРЖУВААТ ПРИЕМОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, ПОТРЕБНО Е ИТНО РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО

САД силно ги поддржуваат аспирациите на Македонија да стане полноправна членка на НАТО, порача денеска во Охрид американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс по заедничката средба со претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за одбрана Зоран Коњановски.
- САД силно ги поддржуваат македонските аспирации за полноправнство во НАТО. Како и многумина од вас, и ние бевме разочарани минатиот април кога Македонија не беше поканета да се присоедини кон Алијансата на Самитот на НАТО во Букурешт. Ги охрабруваме Македонија и Грција итно да пронајдат решение за прашањето со името, што е во најдобар интерес за двете страни и за регионот, истакна Гејтс на заедничката прес-конференција со македонскиот министер за одбрана на Зоран Коњановски.
Секретарот за одбрана на САД потсети дека не постои друга алтернатива околу начинот за зачленување кон НАТО.
- Има само еден пат до членство во НАТО, а тоа е со едногласна согласност од сите членки на Алијансата. Ситуацијата е комплицирана и затоа треба да работиме во тој правец, а тоа не важи само за вас туку и за другите држави, рече Гејтс.
Тој ја повтори посветеноста на Владата во Вашингтон за интегрирање на земјите од Јужна Европа во евро-атлантските институции, како ЕУ и НАТО.
Американскиот секретар за одбрана порача дека со подобрувањето на безбедносната ситуацијата во Ирак, ги охрабрува земјите кои имат свои војници во таа земја да размислат повеќе за распоредување трупи во Авганистан каде, како што рече, „има потреба од обучувачи на идните офицери на растечката армија на Авганистан“.
Министерот за одбрана на РМ, Коњановски, истакна дека присуството на Гејтс на министерскиот Состанок во Охрид претставува голема поддршка, како за државите-членки на СЕДМ и мировните активности на нивните армии, така и за Република Македонија и нејзините војници кои партиципираат во мисиите во Ирак и Авганистан.
- Имаме одлична билатерална соработка со САД. Од секретарот Гејтс добивме пофални зборови за македонските војници кои учестуваат во мисиите во Ирак и Авганистан. Сакам да ве уверам дека сме подготвени да партиципираме во сите мировни мисии во светот каде што ќе има потреба, а ние како Министерство за одбрана се обврзуваме дека секогаш ќе испратиме подготвени и добро обучени војници, истакна Коњановски.
Македонија, како што нагласи, има јасно трасиран пат за потполна европска и НАТО интеграција. На тој пат секогаш ќе сметаме на несебичната поддршка и помош од страна на САД, рече Коњановски.
Во врска со прашањето околу признавањето на прогласената независност на Косово, македонскиот министер за одбрана истакна дека при донесувањето какво било решение Македонија ќе се води од националните интереси, водејќи сметка и за регионалната безбедност.