ИНФО                                           
     
  ЦРВЕНКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ЦРНА ГОРА

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска и утре е во работна посета на Црна Гора на покана на неговиот црногорски колега Филип Вујановиќ.
Средбата на двајцата претседатели ќе се одржи во резиденцијалната вила Топлиш во црногорското летувалиште Милочер.
Црвенковски и Вујановиќ ќе разговараат за унапредување на билатералната соработка, за актуелните состојби во регионот и за аспирациите на двете земји за членство во Европската унија и НАТО.
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  ГРУЕВСКИ ГИ ПРОДОЛЖУВА РАЗГОВОРИТЕ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НОВА ВЛАДА

Мандатарот за составување на идната влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги продолжува разговорите со претседателите на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи и на ПЕИ Фиат Цаноски за проширување на владиното мнозинство.
Новата рунда средби е продолжение на минатонеделните разговори на кои се усогласуваат позициите на партиите за евентуално формирање владина коалиција.
Според законски утврдениот рок, мандаторот треба да го состави новиот владин кабинет најдоцна до 12 јули, односно 20 дена од добивањето на мадатот од претседателот на државата. Претседателот Бранко Црвенковски му го довери мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 23 јуни.