ИНФО                                           
     
  ДЕНЕСКА Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ДРОГАТА

Обединетите нации денеска го одбележуваат Меѓународниот ден за борба против дрогата под слоганот „Дали дрогата управува со твојот живот? Твој живот, твое опкружување - тука нема место за дрога“.
По повод Меѓународниот ден за борба против злоупотреба и шверц на дрога, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун соопшти дека иако дрогите уништуваат животи, поттикнуваат криминал и му се закануваат на одрживиот развој, сепак светот стекнал подобро знаење за тоа како да се спротивстави на злоупотребата и шверцот на дрога.
Тој наведе дека меѓународната соработка и техничката помош ја унапредиле способноста на криминалистичките служби, а се поголемите фондови за помош во развојот придонесуваат за намалување на сиромаштијата и продажба на илегални посеви, обезбедувајќи им на земјопоседниците одрживи алтернативи.
- Се поголемото концентрирање на превенција и лекување го поставува здравјето во центарот на стратегијата за борба против дроги и помага во спречувањето на ширењето на ХИВ вирусот, изјави во пишано соопштение генералниот секретар на ОН.
Тој наведе дека на државите на послаб систем на кривично судство и ограничени способности на криминалистичките служби им е потребна помош во сузбивањето на шверцот со дрога, кој поттикнува криминал, корупција и нестабилност и кој неминовно го загрозува успешното спроведување на развојните цели усвоени во Милениумската декларација на ОН.
Потсетувајќи дека оваа година се одбележува и 60-годишница од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, Бан истакна дека никој не смее да биде жигосан ниту дискриминиран поради својата зависност од дроги.
- Комбинираните напори во текот на минатата декада го разбудија нашето разбирање за проблемите со дрогите ширум светот и ја зајакната нашата способност и решеност да ја намалуваме штетата што дрогата им ја нанесува на поеднци, на нивните семејства, заедници и држави, заклучи Бан во своето соопштение по повод Светскиот ден за борбра против дрогата.
Секоја година на 26 јуни Канцеларијата на ОН за борба против дрогата и криминалот објавува и годишен извештај за дроги.
Секој петти Европеец пробал марихуана
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  СОБРАНИЕТО ЌЕ РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ПО ИТНА ПОСТАПКА НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Собранието на Република Македонија денеска попладне ќе ја одржи втората седница на која треба да биде разгледан Предлогот за донесување по итна постапка на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, со Предлог-закон.
На дневен ред на седницата се и верификацијата на мандат на пратеник-ци во Собранието и предлог - одлуките за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието, за основање на постојани работни тела на Собранието и за основање на Буџетски совет на Собранието на РМ.