ИНФО                                           
     
  ИЗЛОЖБА НА КНИГИ „МАКЕДОНИЈА ОД АНТИКАТА ДО ДЕНЕС“
ВО КИЦ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА


Изложба на книги насловена „Македонија од Антиката до денес“ ќе биде отворена утре во 19 часот во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Изложбата ја организираат Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во соработка со Националната установа-Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ - Битола.
Ќе бидат изложени 300 книги подредени хронолошки кои проучуваат најразлични историски периоди кои се однесуваат на Република Македонија, почнувајќи од антиката преку средниот век со денес, проследени со видео презентација насловена „Ден во Македонија“.
Изложбата ќе ја отвори вишиот библиотекар Илче Стојановски и претставникот на библиотеката Благој Бошевски.
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  ВО ПРВОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ БДП ЗГОЛЕМЕН ЗА 5,2 ОТСТО

Бруто-домашниот производ во првото тримесечје од годинава е зголемен за 5,2 отсто во однос на истиот период лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, тоа е резултат на порастот на додадената вредност во сите сектори.
Во расходната структура на БДП, финалната потрошувачка има најголемо учество и според проценките во првиот квартал од 2008 номинално расте за 16,9 отсто во однос на истиот период минатата година.
Во рамките на надворешнотрговската размена, во првото тримесечје од годинава во однос на истиот период од 2007, забележан е номинален пораст на извозот на стоки и услуги од 11,7 проценти и на увозот на стоки и услуги од 27,1 отсто.
Во првото тримесечје од 2008 година Централниот буџет има дефицит од 4199 милиони денари поради поголемиот пораст на расходите во однос на приходите.