ИНФО                                           
     
  ВО СКОПЈЕ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ

Под мотото „Македонија, македонски, Македонци“ синоќа на плоштадот „Пела“ во Скопје се одржа собир против промената на уставното име на Република Македонија и за заштита на македонскиот национален и културен идентитет.
Протестот почна со интонирање на македонската државна химна. Пред насобраните граѓани се обратија студенти - членови на „Младите знаат“, кои заедно со група интелектуалци беа организатори на собирот.
- Никој не смее да се дрзне да го предаде овој народ, оваа земја, името Македонија. Оваа земја се викала, се вика и ќе се вика Македонија. Оваа генерација нема право да се откажува од вековното име Македонија, беа главните пораки од протестот на плоштадот „Пела“.
На учесниците на собирот им се обратија актерот Тони Михајловски и музичките ѕвезди Тамара Тодевска и Ламбе Алабакоски.
Протестот мина во мирна атмосфера, без никакви инциденти. Поголемиот дел од учесниците носеа македонски државни знамиња и транспаренти за зачувување на уставното име.
Група млади луѓе по завршувањето на собирот на плоштадот „Пела“ се упатиja кон грчката Канцеларија за врски во Скопје.
Откако бea спречени во намерата од полицијата заминаa кон пазарчето „Буњаковец“ на улица „Партизански одреди“ каде што предизвикаa инциденти во кои е повреден фоторепортер на весникот „Вечер“. Запалени беа и неколку контејнери.
Организаторите на протестот претходно се оградија од какви било провокации и евентуални уфрлени провокатори кои би сакале да го сменат карактерот на собирот. Посочија дека одговорноста за можни инциденти ќе ја понесат политичарите кои го иницирале прашањето и го наметнале проблемот.
Сличен собир во организација на „Младите знаат“ беше одржан и минатата недела во Скопје. Сенка на мирниот протест на плоштадот „Македонија“ и тогаш фрлија дел од учесниците кои предизвикаа инциденти пред грчката амбасада во Скопје.
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  ШЕФЕР: ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО СО ГРЦИЈА НЕ Е ПРЕДУСЛОВ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски на средбата во Брисел со генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер разговараше за политичкиот дијалог во Македонија, за спорот со Грција и за Косово.
- Проблемот со името со Грција не е предуслов за влез на земјата во НАТО, истакна Шефер.
Македонскиот претседател го информираше Шефер за разговорите со Грција за името со посредство со медијаторот на ОН, Метју Нимиц. - Власта и опозицијата изградија целосен консензус околу оваа прашање. Забелешките веќе се упатени до медијаторот Нимиц. Република Македонија останува во процесот на преговори, истакна Црвенковски.
Шефот на македонската држава нагласи дека се исполнети сите критериуми за влез на Македонија во НАТО и оти очекува покана за членство на претстојниот самит на Северноатлантската алијанса во Букурешт.
Црвенковски му посочи на Шефер дека Република Македонија постигна голем напредок во однос на политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата, што резултираше со донесување на важни закони, јави известувачот на МИА.
Претходно, претседателот Црвенковски имаше средба со високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Хавиер Солана на која се разговараше за интегративните процеси на Македонија кон ЕУ, како и за нејзината улога во решавањето на регионалните прашања.
Црвенковски, вчера имаше средба со европскиот комесар за проширување Оли Рен, при што тој нагласи дека Македонија има можност до есен да ги исполни приоритетните услови за добивање на датум за преговори за членство во ЕУ.