|
|
ИНФО
|
|
|
|
|
|
ПОВРEДЕНИОТ ПОЛИЦАЕЦ РИСТЕВСКИ И НАТАМУ ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ -
ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО
Специјални полициски екипи по вчерашниот оружен инцидент кај Танушевци
во кој животот го загуби припадникот на граничната полиција Игор
Драганов, а неговите колеги Трајче Ристевски и Џемалетин Синани се
повредени, вршат засилени контроли во делот на македонско-косовската
граница.
Повредениот Ристевски, според дежурниот лекар Ивица Стефановски од
Клиниката за анстезија, реанимација и интензивно лекување, и натаму е во
животна опасност. На Синани, кој има прострелна рана на ногата, во текот
на ноќта му била извршена операција на потколеницата и тој е во стабилна
состојба.
Оружениот инцидент се случи вчера околу 12 часот и 50 минути кај
месноста Кодра Фура во близина на селото Танушевци кога врз џипот со кој
тројцата полицајци оделе во редовна патрола пукале засега непознати
лица. По нападот џипот излетал од патот и се превртел.
ЏОН КЕВАНО - ИРИ: ВО МАКЕДОНИЈА ИМА КОНСТАНТНА ПОДДРШКА ЗА ВЛЕЗ ВО
НАТО
Вашингтон, 25 октомври (МИА) - Огромната јавна поддршка во Македонија за
влез во НАТО значи дека граѓаните разбираат дека стабилноста на земјата
ќе привлече странски инвестиции и ќе поттикне екомски развој, вели Џон
Кевано, директор за Македонија при Меѓународниот републикански институт
во интервјуто за Гласот на Америка, програма на македонски јазик.
Анкетите на ИРИ во Македонија покажуваат константна поддршка за членство
во НАТО и влез во ЕУ. Поддршката за НАТО е 91 отсто, што претставува
иста бројка како и во претходната анкета во јуни. Поддршката за ЕУ е 95
проценти - иста како и претходно, оцени Кевано.
Тој ја интерпретира огромната поддршка во смисла на тоа дека Македонците
разбираат дека економскиот развој зависи од пристапот во
евро-атлантските институции.
Кевано посочува дека ИРИ го испитува рејтингот на Владата на премиерот
Груевски од 2006 година.
- Забележуваме особено голема поддршка за владата. Поддршката е
постојана од 2006-та до јуни 2007-ма. Но, најновата анкета покажа
опаѓање на оптимизмот меѓу избирачите. Луѓето се малку понезадоволни и
има малку поголемо негативно гледање на политичките и социјални
структури во земјата, вели Кевано.
Според него, расположението на македонските граѓани се должи на неколку
фактори – економски и политички.
- Од една страна, граѓаните гледаат на прашања од регионалната
стабилност и внимателно го следат прашањето во врска со конечниот статус
на Косово, почнувајќи да увидуваат дека тоа би можело да има
дестабилизирачки ефект врз Македонија. На домашен план, граѓаните се
загрижени за релативно слабиот политички дијалог меѓу власта и
опозицијата, смета Џон Кевано.
Според директорот на ИРИ за Македонија, клучот за решавање на
социјалните и економските проблеми е создавање клима за привлекување на
странски инвестиции.
ИГОР ИВАНОВ ЗА „ПРЕВРТЕНО“ НАГРАДЕН ЗА НАЈДОБРА РЕЖИЈА НА ФИЛМСКИОТ
ФЕСТИВАЛ ВО ВАЛЕНСИЈА
Македонскиот режисер Игор Иванов ја доби наградата за најдобра режија за
неговиот филм „Превртено“ на 28. Филмски фестивал во Валенсија.
Одлуката, како што е објавено на веб страницата на фестивалот, денеска
ја донесе меѓународното жири.
„Превртено“ вчера беше премиерно прикажан на фестивалот во
натпреварувачката програма, во конкуренција за златна, сребрена и
бронзена фестивалска палма.
По Валенсија, „Превртено“ ќе има американска премиера, односно ќе биде
прикажан во официјалната конкуренција на фестивалот во Сао Паоло,
Бразил.Американскиот претседател Џорџ Буш го прими на неофицијана средба
во Белата куќа тибетскиот духовен лидер Далај Лама, изјави портпаролот
на Белата куќа Гордон Џондроу.
Тој само ја потврди средбата, но не даде детали.
Белата куќа изјави дека го разбира неспокојството на Кина, но го отфрли
барањето да не биде одржана оваа средбата. Белата куќа не објави
фотографии од средбата со цел дополнително да не биде провоцирана Кина.
Претходно беше соопштено дека неофицијалната средба нема да се одржи во
Овалниот кабинет, каде американскиот претседател прима државници, туку
ќе се одржи во личната резиденција на Буш.
Американскиот претседател денеска ќе присуствува на свеченоста на која
Далај Лама ќе ја прими највисоката награда на американскиот Конгрес. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
ВЕСТИ
|
ВЛАДАТА РЕШИ ДА НЕ ПОТПИШУВА
КУПОПРОДАЖЕН ДОГОВОР СО КОЗОРЦИУМОТ "ХАЧ"
ЗА ТЕЦ "НЕГОТИНО"
Владата денеска донесе одлука за прекинување на постапката за потпишување
на купопродажен договор за ТЕЦ „Неготино“ со конзорциумот „Хач“, кој беше
прворангиран на конзорциумот.
Ова денеска на новинарите во Собранието им го изјави вицепремиерот Зоран
Ставрески кој истакна дека врз основа на извештајот на тендерската
комисија и Министерството за економија е констатирано дека не се исполнети
условите што Владата ги побарала од „Хач“ конзорциумот.
- Врз таа основа сметаме дека се исцрпени сите можности за склучување
договор со овој конзорциум. Владата дојде до оваа одлука врз основа на
анализа во кои беа наведени сите неопходни услови кои требаше да се
исполнат, но тие документи не беа доставени и наша одлука е дека овој
договор нема да се потпише, истакна Ставрески.
Одговорајќи на новинарско прашање кои услови конзорциумот не ги исполнил,
Ставрески рече дека „Хач“ конзорицумот бил обврзан да достави полномошно
за секоја членка и секоја од нив да одговара со свои права и обврски со
кои треба да гарантира исполнувањето на договорот.
- Тоа не беше доставено. Тоа што го доставија беше само од еден член од
четирите членки од конзорциумот. Затоа Владата не чувствува доволна
гаранција кои членки стојат зад договорот и дека тие ќе гарантираат за
својата актива и биланси, рече Ставрески.
Тој додаде дека исто така не била потпишана изјава со која се гарантира
„ладната резерва“, не било доставено и процентуално учество на сите членки
на конзорциумот во АД ТЕЦ „Неготино“.
„Хач“ конзорциумот, рече Ставрески, доставил договор во кој, според
Владата, имало суштински измени спротивни на тендерските правила.
- Владата нема да прифати никаква измена за купопродажниот договор ниту ќе
потпише договор кој оди на штета на Република Македонија. На тој начин
моравме и да ја прекинеме постапката за купопродажен договор со
прворангираната фирма, потенцираше Ставрески.
Според него, во купопродажниот договор биле наведени суштински измени во
однос на еколошките стандарди и арбитражата што не спаѓаат во технички
промени и од тој аспект тие не можат да бидат прифатени.
- Според тендерот, сите учесници беа обврзани да го прифатат договорот
каков што е, а не да вршат измени врз него, рече Ставрески.
Во оваа фаза, како што истакна, Владата заклучила дека во рок од пет дена
тендерската комисија и Министерството за економија треба да ја известат
Владата за натамошниот тек на постапките за ТЕЦ „Неготино“. Ставрески
истакна дека ќе се разгледуваат и можностите ТЕЦ „Неготино“ да остане во
државна сопственост. |
|
|
|
|
|