ИНФО                                           
     
 

13/09/2004

Соопштение за печатот и електронските медиуми
ДЕЛЕГАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА ВО ПОСЕТА НА БЕЛАТА КУЌА

Делегација на Македонската алијанса под водство на претседателот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на 9 Септември оствари посета на Белата кукја во Вашингтон.
Во двочасовниот разговор со претставници на Националниот совет за безбедност беа разменти мислења и беа пренесени ставовите на македонските Американци за ситуацијата во Македонија и на Балканот. Советот за безбедност потврди дека американската Влада ја смета Македонија за близок сојузник, го подржува нејзиониот територијален интегритет и стабилност и ја гледа како клуч за стабилноста на целиот Балкан. Од своја страна делегацијата на Македонската алијанса побара поголемо ангажирање на САД во Македонија преку зголемена економска помош во разни видови и подготвување на програма за охрабрување на американски инвестиции. Меѓу другото беше побарано и брзо признавање на уставното име од страна на САД. Посебно беше побарана економска и политичка помош за враќање на насилно иселените лица од војната во Западна Македонија.
На крајот на посетата беше решено во иднина да се одржуваат постојани контакти за подобра координација.


Контакт: Славко Манговски ++ 1-561-809-7412

 
     
 

 
БРАНКО ВО САД

Деновиве претседателот Бранко Црвенковски учествува на 59-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде го придружува министерката за надворешни работи Илинка Митрева. Според најавите од неговиот Кабинет, тој ќе се обрати на Генералната дебата, која се одржува во рамките на Собранието, а бидејќи станува збор за најголемиот годишен светски собир на лидерите на 220 земји - членки на ООН, предвидени се и билатерални средби со претседатели на некои земји. Во официјалната најава на Кабинетот на претседателот, досега е договорено само за три средби, двете се со соседите, со претседателот на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ и со премиерот на Албанија, Фатос Нано, а третата е со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Јозеф Дајс. Кабинетот најави уште некои средби, посочувајќи дека сигурно ќе има нови имиња на списокот, но с# уште не можат да прецизираат додека тој не се официјализира. Претседателот на Србија и Црна Гора, Маровиќ беше последниот гостин на Црвенковски во Скопје, во јули годинава, како прв кој му дојде во официјална посета по преземањето на претседателската функција.

 
     
 


СТЕЧАЈ ЗА "СУВЕНИР"


Владата на Република Македонија на седница ја разгледа информацијата за актуелните состојби во АД "Сувенир" - Самоков, Македонски Брод. Со оглед на преголемата задолженост на Друштвото и заради непостоење на економска оправданост, за неможноста за негово натамошно функционирање, со ваков обем и организација, Владата заклучи дека треба Министерството за финансии - Управата за јавни приходи и АД "Електростопанство на Македонија" да поднесат пријава до надлежниот суд за отворање на стечај за должникот "Сувенир" од Самоков.
Исто така, Владата донесе Одлука за исплата на средства за неисплатените придонеси кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, за регулирање на стажот на вработените од АД "Сувенир" во износ од 31.608.335,00 денари. Владата донесе и Одлука за исплата на отпремнини на вработените во "Сувенир", во вкупен износ од 25.039.260,00 денари. На Министерството за финансии Владата му препорача средствата да бидат исплатени во најкус можен временски рок.

 
     
  НЕЗАДОВОЛНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Земјоделците кои беа погодени од поплавите се револтирани од висината на износот кој го добиваат како отштета за нивите, кои беа уништени во јунската непогода. Тие обвинуваат дека Министерството за земјоделство ги дели парите по пријателска линија, а разликите се и до неколку десетици илјади денари. Максималните суми се тајна, иако земјоделците меѓу себе веќе си кажале кој колку пари добил. Има земјоделци кои навистина и добиле повеќе од 50.000 денари, а некои од нив тврдат дека сумата е реална, бидејќи поплавите им уништиле повеќе хектари плодно земјиште. Меѓутоа, поголем број од земјоделците се револтирани и постојано обвинуваат дека сите засегнати не добивале ист процент и тоа не се сметало по ист критериум. Од друга страна, пак, од Министерството за земјоделство велат дека сите земјоделци добиваат по седум отсто од штетата која била прикажана во анкетните листови, кои ги составувале земјоделците и подрачните единици на Министерството.
 
     
   
МОЗОЧНИ УДАРИ ВО ПОРАСТ

Во нашава држава, мозочните удари се во пораст во споредба со минатиот период. Како што велат докторите од Клиниката за нервни болести, бројот на лицата кои преживеале мозочен удар е четири пати зголемен во изминативе дваесет години.
За разлика од претходните години, кога годишно се хоспитализирале од 100 до 150 лица со мозочен удар, сега таа бројка се движи меѓу 400-450 пациенти во текот на една година. Податоците се фрапантни кога на оваа бројка ќе се додаде и бројот на пациентите кои не се задржуваат на Клиниката. Шеесет проценти од ударите настануваат кај лица постари од 60 години, а 40 проценти се кај лица од 20 до 60 години. Главни причини за порастот на ова заболување се срцевите болести, високиот крвен притисок, дијабетесот, маснотиите во крвта, како и стресот и брзиот начин на живеење. Главен проблем е тоа што во земјава не постојат центри во кои ќе се сместат и ќе се лекуваат овие лица.
 
     
 

ВЕНКО ДАДЕ ОСТАВКА?!

Според писателските кругови, Венко Андоновски поднел неотповиклива оставка од функцијата декан на Филолошкиот факултет. Во Деканатот на Факултетот велат дека тој е на отворено боледување, но и тие не демантираат дека станува збор за негова отставка иако таа с# уште не е дефинирана. Оставката на Андоновски многумина ја гледаат како резултат на неговото отворено спротивставување на новата територијална поделба во која, како што изјави тој, залогот е многу поголем од "Струшките вечери на поезијата". Андоновски не учествуваше ниту на средбите, ниту на состаноците во периодот пред дислокацијата на Фестивалот, иако тој е негов член. И покрај тоа што беше најавен како учесник на тркалезната маса "Отпор, Струга, поезија", која ја организираше Кризниот штаб за опстанок на Струга, тој не присуствуваше на оваа дебата.

 
     
 

РАЗНОЛИКОСТ КАКО СТРАТЕШКА ЦЕЛ

На штотуку завршениот 70. Светски конгрес на ПЕН во Тромсо, Норвешка, на кој учествуваше и македонска делегација составен од Катица Ќулавкова, претседател на Комитетот за превод и јазични права на меѓународниот ПЕН со седиште во Скопје, беше оценето дека Македонскиот ПЕН е еден од најактивните центри. На Меѓународниот ПЕН, како стратешка цел беше одредена електронската јазична едиција "Разноликост", основана минатата година по префрлањето на седиштето на Комитетот за превод и јазични права од Барселона во Скопје. Значењето на оваа колекција, кое беше истакнато и на самото отворање на Конгресот на Меѓународниот ПЕН во Норвешка, е големо. Имено, станува збор за меѓународен преведувачки проект, во кој секој автор е претставен на најмалку три јазици, на оригиналниот, македонскиот и на еден од официјалните јазици на Меѓународниот ПЕН. Главен уредник на оваа книжевна колекција е Катица Ќулавкова.

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

 

ПРОМОВИРАН ПРВИОТ ЕВРОИНФО-КОРЕСПОДЕНТЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, 22 септември (МИА) - Заменик претседателот на Владата Радмила Шекеринска денеска го промовираше првиот Евроинфо-коресподентен центар (ЕИЦЦ) во Македонија за помош на малите и средните претпријатија во пронаоѓањето европски партнери. Тој е дел од европската мрежа на над 300 вакви канцеларии во 42 земји во Европа, формирана во 1977 година. Проектот чини 500 илјади евра и е формиран од Европската комисија, а е спроведуван од Европската агенција за реконструкција.
Во рамките на проектот е изработена и веб-страница. Сите услуги на овој Центар ќе бидат бесплатни за корисниците до јануари 2005 година.
"Овој проект ќе им овозможи високо ниво на информираност на малите фирми за правилата што важат на европските пазари особено во делот на трговијата и финансирањето", истакна Шекеринска. Таа оцени дека крајната цел на Република Македонија не е само влез во ЕУ затоа што економските и политичките проблеми нема да исчезнат.
"Целта", истакна меѓу другото Шекеринска, "е македонската економија да стане конкурентна на европските пазари. Прашање е исто така колку нашето мало стопанство може да биде дел од нив".



СРЕДБИ НА МИТРЕВА НА МАРГИНИТЕ НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОН

Њујорк, 22 септември (МИА) - Министерот за надворешни работи на македонија Илинка Митрева, која во Њујорк присуствуваше на генералната расправа на Генералното собрание на Обединетите нации, имаше средба и со претставниците на американско-еврејскиот комитет.
На средбата беше оценето дека иако малубројна, еврејската заедница во македонија дава значаен придонес за севкупниот развој на државата. Митрева рече дека посетата на Израел дала нов импулс во интензивирањето на односите меѓу двете земји. На средбата беше побарано, во рамките на ОБСЕ, Македонија да даде поддршка за одржување на Конференција против антисемитизмот во Шпанија, следната година.
Митрева вчера на маргините на редовната сесија на Генералното собрание на ОН се сретна и со нејзиниот бугарски колега Соломон Паси.
Паси истакна дека неодамна потпишаниот Меморандум за соработка за европската и евроатлантската интеграција потврдува дека Бугарија целосно ја поддржува македонија во интегративните процеси. "Македонската Влада може веднаш да смета на бугарската експертска помош и целосна поддршка во напорите за што е можно побрзо присоединување на земјата кон Европската унија и НАТО", потенцираше Паси.

 

СТРУЧНА РАСПРАВА ЗА РЕФОРМИТЕ ВО СУДСТВОТО


Штип, 22 септември (МИА) - Во Апелациониот суд во Штип денеска ќе се одржи стручна расправа по Нацрт-стратегијата за реформа на судскиот систем, јавното обвинителство, пенитенцијарниот систем, јавното правобранителство, адвокатурата и нотаријатот.
Расправата ќе ја отвори министерот за правда Иџет Мемети, а во неа ќе учествуваат и претставници од Републичкиот судски совет, Врховниот суд и другите органи на судската власт.
Владата овој месец ја усвои Нацрт-стратегијата за реформа на судскиот систем и го задолжи Министерството за правда да изготви Предлог-стратегија по истата.