ИНФО                                           
     
 

13/09/2004

Соопштение за печатот и електронските медиуми
ДЕЛЕГАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА ВО ПОСЕТА НА БЕЛАТА КУЌА

Делегација на Македонската алијанса под водство на претседателот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на 9 Септември оствари посета на Белата кукја во Вашингтон.
Во двочасовниот разговор со претставници на Националниот совет за безбедност беа разменти мислења и беа пренесени ставовите на македонските Американци за ситуацијата во Македонија и на Балканот. Советот за безбедност потврди дека американската Влада ја смета Македонија за близок сојузник, го подржува нејзиониот територијален интегритет и стабилност и ја гледа како клуч за стабилноста на целиот Балкан. Од своја страна делегацијата на Македонската алијанса побара поголемо ангажирање на САД во Македонија преку зголемена економска помош во разни видови и подготвување на програма за охрабрување на американски инвестиции. Меѓу другото беше побарано и брзо признавање на уставното име од страна на САД. Посебно беше побарана економска и политичка помош за враќање на насилно иселените лица од војната во Западна Македонија.
На крајот на посетата беше решено во иднина да се одржуваат постојани контакти за подобра координација.


Контакт: Славко Манговски ++ 1-561-809-7412

 
     
 

 
ДЕЛЕГАЦИЈА НА МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ВО ПОСЕТА НА БЕЛАТА КУЌА

На 9 септември, делегација на Македонска алијанса предводена од нејзиниот претседател, господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, оствари посета на Белата куќа во Вашингтон.
Во двочасовниот разговор со претставниците на Националниот совет за безбедност беа разменети мислења и се пренесоа ставовите на македонските Американци за ситуацијата во Македонија и на Балканот. Советот за безбедност потврди дека американската Влада ја смета Македонија за близок сојузник, го поддржува нејзиниот територијален интегритет и стабилност и ја гледа како клуч за стабилноста на целиот Балкан. Од своја страна, делегацијата на Македонска алијанса побара поголемо ангажирање на САД во Македонија, преку зголемена економска помош во разни видови и подготвување програма за охрабрување на американски инвестиции. Меѓу другото, беше побарано и брзо признавање
на уставното име од страна на САД. Посебно беше побарана економска и политичка помош за враќање на насилно иселените лица во Западна Македонија, во време на војната.
На крајот на посетата беше решено во иднина да се одржуваат постојани контакти за подобра координација.

 
     
 


МКГ СО ЛОШИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

Меѓународната кризна група како да посакува дестабилизација во Македонија, коментираат познавачите на состојбите. Квалификациите на оваа невладина организација за државата се во контекст на ноемвриското референдумско изјаснување и имаат апокалиптична содржина. Во извештаите адресирани до Европската унија, потпишани од директорот на Меѓународната кризна група за Европа, Николас Вајт, се потенцира дека Охридскиот договор ќе претрпи значително доцнење во имплементацијата, на најдиректен начин укажува на сериозноста на ситуацијата во Македонија и се препорачува алтернативно решение доколку референдумот успее. Мировниот процес во Македонија, кој почна со крајот на конфликтот во 2001 година, наиде на неочекувана пречка кога опозиционите партии собраа потписи за референдум за најчувствителното прашање - ревизијата на локалните граници, е наведено во писмото на МКГ, испратено до Хавиер Солана во Брисел и до актуелниот претседавач со Унијата, холандскиот министер за надворешни работи Бернард Бот. Застрашувачките сценарија на кои посочува Николас Вајт, предизвикаа повеќе реакции кај политичарите и интелектуалците од Македонија, кои не се согласуваат со ставовите на директорот на МКГ за Европа.

 
     
  ОТКАЖУВАЊЕ ОД МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Повеќе од 13.000 македонски државјани, од осамостојувањето на земјата до денес, побарале и добиле отпус од државјанството, при што, главно, се наведувале економски причини, покажува статистиката на Министерството за внатрешни работи. Во најголем број случаи причината за откажување од македонското државјанство е условот кој го поставуваат голем број западноевропски земји за добивање нивен пасош, односно неможноста паралелно со нивното, граѓаните да поседуваат државјанство и од друга држава.
На пример, за македонските граѓани кои ги исполнуваат условите за стекнување германско државјанство, еден од главните услови е да се откажат од македонското. И во практиката, најголем е бројот на граѓаните кои се откажале од македонскиот пасош за да земат германски - повеќе од 6.500 во изминативе 12 години.
 
     
   
"ЗА" ОРИГИНАЛИ - "ПРОТИВ" ФАЛСИФИКАТИ

Како сопственик на оригиналните заштитни трговски марки "Јупи" и "Кокта" и како одговор на најголемиот број фалсификати токму на овие две трговски марки на македонскиот пазар на освежителни, безалкохолни пијалаци, каде што изостанува спроведувањето на постојната законска регулатива, "Колинска" д.д -Љубљана преку својата фирма "Колинска" д.о.о.е.л. Скопје одлучи да се избори за своите права по основ на сопственост на трговски марки и со тоа најактивно да се вклучи во акцијата за заштита на потрошувачите. Тие се вклучија во заштитата на своите производи на македонскиот пазар, а потоа и на пазарите во балканскиот регион каде што е утврдено постоење на фалсификати на овие два традиционално најпознати производи на поранешниот југословенски пазар. Словенските инвестиции во РМ се директни европски инвестиции и оттука власта треба да се подзамисли за функционирањето на правниот систем и за спречувањето на ваквите појави од областа на фалсификувањето. Оригиналните производи на "Колинска" се со проверен и врвен квалитет, кои ги задоволуваат неопходните стандарди пропишани од ЕУ.
 
     
 

МАКЕДОНСКИ ФИЛМ ВО СОЛУН

Продукцијата "Дион" при Културен центар "Скрб и утеха" е учесник на Меѓународниот филмски фестивал International Panorama of Independent Film and Video Makers Thessalonica1-9 of October 2004, со филмот "1000 години како денот од вчера". Филмот на Владе Денчов, Тихомир Стојановски и Тања Битуљану е во копродукција на "Дион" со МРТВ. Ова е второ учество на "Скрб и утеха" на солунскиот фестивал. Пред две години тоа беше со филмот "Бакни го сонцето". Во филмот "1000 години..." се зборува за потиснатата македонска историја од антиката до денес. Во него како ликови се појавуваат и Александар Македонски и Гоце Делчев.
По покана на директорот на фестивалот Панајот Ционидис, режисерот Владе Денчов, сценаристот и актер Тихомир Стојановски и продуцентот Игор Стојановски ќе & го претстават филмот на солунската публика. Овој филм досега учествувал на фестивал во Шпанија, на Барселонскиот фестивал 1999 година. Во филмот играат актерите Страшко Милошевски, Зорица Панчиќ, Слободанка Чицевска, Ердоан Максут, Александар Шехтански, Јусуф Гулевски, Милица Стојанова, Јордан Витанов, Тихомир Стојановски и други актери. Музиката е на Јане Пенов. Во филмот се снимени делови од култната претстава "Зајдисонце" на театарот "Скрб и утеха".
На фестивалот учествуваат 203 филма од 46 земји, во конкуренција за награди единствен филм од Македонија е "1000 години како денот од вчера" на МРТВ и "Скрб и утеха".

 
     
 

Ансамблот "Гоце Делчев" од Скопје и Советот на фестивалот на нови родољубиви и патриотски македонски песни, распишува конкурс за "Гоце фест" 2005 година. Авторите кои ќе конкурираат треба предвид да ги имаат карактеристичноста на македонската фолклорна мелоритмика и историските традиции и современост на Македонија и македонскиот народ.
Секој автор може да конкурира најмногу со три песни за солисти, дуети и групи во придружба на оркестар и за нив да достави нотен запис со хармонски симболи, стихови и демо снимка.
Со учество на конкурсот, авторите му го пренесуваат правото на организаторот на фестивалот, песните за прв пат јавно да ги изведува, аранжира, печати и да ги пренесува на радиото и на телевизијата, да ги стави на носачите на звук и слика и сите овие права или некое од нив поединечно да ги пренесе на трети лица.
Организаторот го задржува правото да врши евентуални мелодиски, ритмички, хармонски и текстуални корекции. Рокот за прием на песните е 30 октомври 2004 година. Трудовите се испраќаат на адреса Ансамбл "Гоце Делчев", Младински културен центар, Кеј "Димитар Влахов" бб, Скопје. Дополнителни информации на телефон/факс 02 3230-851, моб. 070/653-417.

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

 

ЕУ НЕМА ПЛАН "Б" АКО УСПЕЕ РЕФЕРЕНДУМОТ, ОБСЕ ПРОЦЕНУВА ДАЛИ ДА ИСПРАТИ НАБЉУДУВАЧИ (DPL)


Скопје, 15 септември (МИА) -
Натамошното одложување на процесот на децентрализација сериозно ќе го изложат на ризик приближувањето на Македонија кон Европската унија, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на мисијата на ЕУ во Македонија, Шина Томсон.
Таа ја потенцира потребата од продолжување на веќе започнатите реформи притоа ставајќи акцент на децентрализацијата што е вклучена и во Рамковниот договор. "Процесот на децентрализација вклучувајќи го и прекројувањето на општинските граници е клучна компонента од Рамковниот договор и е од витално значење за развојот на економијата и за локалните услуги, кои се главен предуслов за влез во европското партнерство", рече Томсон.
Таа истакна дека потписниците на Рамковниот договор веќе ја презеле одговорноста да ја спроведат децентрализацијата, при што било дадено доволно време да се стори тоа. "Но, со одложувањето на спроведувањето на овој процес се отвараат нови импликации на кои ние како претставници на меѓународната заедница сме обрврзани да ви укажеме", додаде Томсон.
Во врска со евентуално постоење на планот "Б", којшто Европската унија би го применила доколку успее референдумот, Томсон рече оти тоа се само гласини и додаде дека Рамковниот договор е вистинската формула за успех.

 

БОТ: ОТФРЛАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЌЕ ИМ НАШТЕТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АСПИРАЦИИ КОН ЕУ



Брисел, 14 септември (МИА) -
Белградската агенција БЕТА од Брисел јави дека по денешниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија, шефот на холандската дипломатија Бернард Бот изјави дека "отфрлањето на децентрализацијата серизоно ќе го доведе во опасност приближувањето на Македонија кон Европската унија".
Бот, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека се надева оти граѓаните на Македонија ќе се "однесуваат разумно" при изјаснувањето на референдумот и "ќе знаат да проценат кој е влогот" за влез на земјата во ЕУ.

СОБРАНИЕТО ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖИ 72-ТА СЕДНИЦА

Скопје, 15 септември (МИА) - Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 72-та седница со расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование. Пратениците најпрво ќе ги разгледаат поднесените амандмани на овој закон.
Собранието вчера го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, а на дневен ред на оваа седница се уште 19 предлог-закони со кои ќе се заокружи пакетот-закони за децентрализација.

 

БУЧКОВСКИ: ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА КРИЗЕН МЕНАЏМЕТ ЕДЕН ОД ПРЕДУСЛОВИТЕ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕОДНИЈА ВО НАТО



Скопје, 15 септември (МИА) -
Создавањето систем за кризен менаџмент што може навремено и ефикасно да се справи со ризиците и заканите на современиот свет, значи градење на систем за безбедност што ќе биде способен во исто време да ги заштити интересите на граѓаните, да создаде услови за одржлив развој и спроведување на економската, социјалната и останатите политики на владата и да го надгради надворешно-политичкиот кредибилитет на државата, изјави министерот за одбрана Владо Бучковски на денешната тркалезната маса на тема "Кризниот менаџмент во Република Македонија".
Според министерот Бучковски, воспоставувањето на овој механизам ќе овозможи централно следење и проценка на заканите, ризиците и анализа на податоците, ефикасна цивилна контрола на безбедносниот систем во кризни ситуации на највисоко политичко ниво и координација на активностите на институциите на системот и безбедносните служби.