ОДБОЈКАРИТЕ СЕ СИМНАА НА ПРАЗЕН ПЛОШТАД

Одбојкарската репрезентација на Македонија го освои второто место во Лигата на Европа, успех на кој години наназад не навикна, но никако не можат да ги навикнат фановите да се радуваат. Трагикомична беше сликата по нивното враќање од Копенхаген. Автобусот мина под “триумфалната капија”, и застана на градскиот плоштад, а таму … никој да ги пречека, никој да им честита за “среброто”, никој да им се заблагодари за промоцијата на државата. Сами си развија знаме, си раширија оро и си ја споменаа државата. Слика за паметење но и опомена, дека во Македонија не се игра само ракомет, фудбал, кошарка

-Игравме за Македонмија но и за капитенот Јовица Симоски, кој поради тешка семејна трагедија не беше со нас да ни помогне. Бевме ослабени, а да беше и тој тука можеби и златниот медал ќе беше на нашите вратови – велат одбојкарите.