ОБЈАВЕНИ НАЈДОБРИТЕ ВО НБА СЕЗОНАВА

Feb 10, 2015; Phoenix, AZ, USA; Houston Rockets guard James Harden (13) dribbles against the Phoenix Suns at US Airways Center. The Rockets won 127-118. Mandatory Credit: Joe Camporeale-USA TODAY Sports

Ноќеска по наше време беа објавени најдобрите петорки во НБА лигата за сезонава која изминува.

Во првата петорка се наоѓаат: Џејмс Харден ( Хјустон, 500 гласови), Леброн Џејмс (Кливленд, 498 гласови), Расел Вестбрук (Оклахома, 498 гласови), Кавај Леонард (Сан Антонио, 490 гласови) и Ентони Дејвис (Њу Орлеанс, 343).

Единствениот кој ги доби сите гласови е Џејмс Харден, а по единаесетти пат во најдобрата петорка се најде Леброн Џејмс, со што го израмни рекордот што го држеа Коби Брајант и Карл Мелоун.

Во втората петорка се најдоа двајца кошаркари на Голден Стејт, Стеф Кари и Кевин Дурант, а крај нив се уште и Ајзеа Томас (Бостон), Јани Атентокумбо (Милвоки) и Руди Жобер (Јута).

Третата постава на НБА лигата ја сочинуваат: Џон Волш (Вашингтон), Демар Де Розан (Торонто), Џими Батлер (Чикаго), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и Де Андре Џордан (ЛА Клиперс).