НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ВЕНТУРА

Селекторот на Италијанската репрезентација, Џанпјеро Вентура, се соочува со нови проблеми во националниот тим пред квалификациските натпревари со Македонија и Албанија.

Имено, откако во текот на вчерашниот ден остана без Белоти и Верати, денеска Вентура остана и без двајца фудбалери од линијата за врска. По натпреварот со Милан, двоецот на Рома, Де Роси и Пелегрини се пожали на повреда. Двајцата најавија дека нема да можат да настапат во националниот тим, па Вентура мораше брзо да реагира. Тоа го направи на начин што на местото на Де Роси го повика Роберто Гаљардини од Интер, а на местото на Пелегрини повик доби фудбалерот на Аталанта, Брајан Кристанте, кој постигна гол против Јувентус.

Од првобитниот список на Вентура недостасуваат четворица фудбалери, но тоа не ја менува фаворитската улога на “аѕурите” во претстојните два меча.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра на 6. октомври во 20:45 ч, на стадионот “Олимпико” во Торино.