НОВА ТИТУЛА ЗА ЃОРЧЕСКА

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го освои турнирот во Денен, Франција, вреден 25000 долари. Во финалето нашата тенисерка ја совлада јапонката Мари Осака со 2-1 во сетови и го оправда називот прв носител на турнирот.

Ѓорческа брзо го освои првиот сет со 6-2 во гемови, а потоа направи и брејк во вториот сет. Но наместо да го искористи тоа, како да помисли дека се е веќе готово, се почувствува извесно опуштање во нејзината игра па го загуби сетот со 5-7.

Во третиот сет се водеше вистинска битка се до резултат 6-6. Потоа почна тај-брејкот кој нашата тенисерка го доби со 8-6 што значеше и дефинитивна, конечна победа на овој турнир.