НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за Overdraft – Дозволено пречекорување на сметка за правни лица. Сите апликации за Overdraft – дозволено пречекорување на сметка за правни лица примени во период од 15.03.2017 до 15.04.2017 година се без провизија за одобрување за првата година на користење. Дозволеното пречекорување овозможува одржување на ликвидноста и задоволување на потребата од дополнителни средства во даден момент.

Основни предности на Overdraft – Дозволено пречекорување на сметка за правни лица:

  • Може да се користи како дополнителен продукт за секоја фирма која има изложеност
  • Надминување на сезонски флуктуации во паричните текови и премостување на одреден период се до наплата на побарувањата
  • Брза процедура за одобрување и едноставен пристап до потребните средства
  • Одржување на ликвидноста
  • Задоволување на потребата од финансиски средства во даден момент без потреба од дополнителни кредитни процедури

Максималниот износ се определува во зависност од просечните месечни приливи на правното лице во последната година.
Годишната каматна стапка изнесува од 8,4% до 8,9%.
Рок на отплата е дефиниран на 360 дена со годишна обнова.
Услов претставува минимум 12 месеци активно работење на фирмата.
Обезбедување:

  • 2 меници од 500 мкд ( за одобрување на износ до 600.000 мкд)
  • 2 меници од 500 мкд и меница во форма на нотарски акт  (за одобрување на износ од 600.001 до 1.200.000 мкд)
  • Хипотека на недвижен имот
  • Рамковен револвинг кредит лимит
    Трошоци:
  • Провизија за одобрување: 0,75% еднократно, минимум 5.000 мкд – БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ ЗА ПРВАТА ГОДИНА НА КОРИСТЕЊЕ ЗА АПЛИКАЦИИ ПРИМЕНИ ОД  15.04.2017 ГОДИНА
  • Без провизија за предвремено затварање
    Потребни документи:
  • Барање за одобрување на кредитна изложеност
  • Тековна состојба
  • Официјални финансиски извештаи за последните 3 години
  • Финансиски извештај со просек