НИКОЛОВ ПОВРЕДЕН, ПОВИКАН ЈАХОВИЌ

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ги почнува подготовките за последните два квалификациски натпревари за СП 2018 година во Русија, со Италија и Лихтенштајн. Тренингот е во 18 часот, но на него нема да бидат присутни сите фудбалери кои се повикани за овие две средби.

Поради повреда, учеството го откажа фудбалерот на Вардар, Бобан Николов, а на негово место е повикан Адис Јаховиќ од турската екипа Гостепе. Тој во Скопје ќе пристигне денеска и се очекува да биде на тренингот.

Но, затоа пак ќе задоцнат Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езгијан Алиоски, кој ќе пристигнат доцна вечерва, па на останатите фудбалери ќе им се приклучат на утрешниот тренинг.