НЕСТОРОВСКИ СЕ СЕЛИ НА “ОСТРОВОТ” ?

Големи се изгледите македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски од следната натпреварувачка сезона да го носи дресот на англискиот премиерлигаш Евертон. Според написите во “Тутомеркатовеб”, англичаните веќе испратиле конкретна понуда до Палермо од 20 милиони евра, што е за 5 милиони помалку од обештетувањето кое италијанците го бараат за него. Со оглед на тоа дека разликата е мала, многу веројатно е дека до договор меѓу двата клуба може да  дојде.

Најверојатно конечната одлука ќе ја донесе менаџерот на Евертон, Роналд Куман, кој инсистира на донесување на Несторовски, особено што замуинување од клубот најави Ромелу Лукаку