НЕСТОРОВСКИ КАКО ИГУАИН

Иако веќе неколку кола нема постигнато погодок за Палермо, македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски, стана миленик не само на навивачите туку и на управата на Палермо. Новиот претседател на клубот, Пол Бакалјини, сака да го задржи во екипата за да може Палермо експресно да се врати во Првата лига, а човекот кој е најзаслужен што Несторовски заигра за Палермо, Маурицио Зампарини е полн пофалби за неговата игра.

– Презадоволен сум од играта на Несторовски. Тој е тип на играч како Гонзалво Игуаин, подготвен, физички силен, интелегентен и секогаш е во гол-шанса. Згора на се е несебичен што го прави многу посакуван играч. Горд сум што го донесов во Палермо- изјави Зампарини.

Иако желбата на управата на клубот и навивачите е Несторовски е да остане во клубот, тешко дека тоа ќе се случи од причина што по него тргнаа такви гиганти како Фиорентина, Наполи, Атлетико Мадрид, а Евертон веќе испрати и понуда од 20 милиони евра.