НЕСТОРОВСКИ И ТРАЈКОВСКИ ПОЧНАА СО ПАЛЕРМО

Македонските репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски ги започнаа подготовките со екипата на Палермо за напорната сезона во Италијанската Серија Б. Планот на Палермо е експресно враќање во Серија А и затоа му се потребни сите фудбалери од минатата сезона, или пак најголемиот број од нив, како и некои други квалитетни засилувања. Во секој случај, македонските репрезентативци треба да одиграат клучна улога во тој план, а особено ова се однесува на најдобриот стрелец на Палермо минатата сезона, Несторовски.

Интересот за Несторовски е голем. Особено по него загриза Фиорентина и тој трансфер е сеуште отворен. Се чека заминувањето на Никола Калиниќ, кој треба да замине во Милан, за да се отвори место за македонецот во нападот на Фиорентина. Несторовски и Трајковски ги почнаа подготовките а дали ќе дојде до трансфер останува да видиме.