НЕМА ВЕЌЕ ПОПРАВЕН ЗА ВАРДАРКИ

Денеска ракометарките на Вардар отпатуваа во Будимпешта, каде што викендов ќе се обидат да дојдат до долгопосакуваниот трофеј. Противник на “црвено-црните” ќе им биде екипата на Букурешт, која го брани трофејот, која што минатата година беше изненадување, но која што оваа сезона влегува со нескриени амбиции да го повтори минатогодишниот успех. Во Будимпешта покрај нашите ракометарки се наоѓаат и Ѓер и Будуќност кои се среќаваат во второто полуфинале.

По три неуспешни обида да влезат во финалето, вардарки се надеваат дека е дојдено времето за големото финале, дека екипата е созреана и дека конечно имаат квалитет да го направат тој завршен чекор што значи финале па можеби и  прво место.

-Се повторува ланското полуфинале. Добро се познаваме со противничките и ако сакаме да победиме мораме да играме сконцетрирано. Се е можно, секој секого може да победи. На крајот на краиштата овде во Будимпешта се најдобрите четири екипи на стариот континент – изјави најефикасната ракометарка во ЛШ оваа сезона, Андреа Пенезиќ.

Полуфиналниот натпревар меѓу Вардар и Букурешт ќе се игра утре со почеток во 17:45 ч, а претходно со почеток во 15:15ч ќе се игра дуелот меѓу Букурешт и Ѓер.

Борбите за третото и првото место се во недела во истите термини.