НЕМА ВЕЌЕ “ИСТОК -ЗАПАД” ВО НБА

Раководствотон на НБА лигата објави дека стариот формат на “ОЛ Стар” натпреварите заминува во историјата, а од следната асезона ќе стартува нов формат.

Имено, нема повеќе традиционална пресметка меѓу кошаркарите од источната и западната конференција. Капитените на екипите ќе бираат кошаркари за својата екипа од база од по 12 кошаркари која ќе ја направат навивачите, новинарите и кошаркарите и тоа независно од тоа на која конференција им припаѓаат. Останатите играчи кои ќе бидат резерви, ќе ги бираат тренерите кои пак исто така ќе бидат бирани од навивачите.

Новиот формат на “Ол Стар” ќе стартува во февруари следната година а ќе се игра во Лос Анџелес.