НЕМА “РОЛАН ГАРОС” ЗА ШАРАПОВА

Француската тениска федерација не и додели специјална дозвола на Руската тенисерка Марија Шарапова за ушество на престижниот турнир “Ролан Гарос”.

Шарапова која имаше 15-месечна пауза поради суспензија поради допинг, не е доволно добро рангирана за да учествува директно на завршниот турнир, па се надеваше дека ќе добие “вајлд-карта”.

– “Вајлд-карта” се дава на повратници во тенисот кои ќе паузираат поради повреда. За оние кои рејтингот го загубиле поради допинг “вајлд-карта” не се доделува-изјави Претседателот на француската тениска федерација Бернард Жудичели.

Марија Шарапова два пати го освојуваше Ролан гарос, а во моментов е 211 на ВТА листата.