НЕМА НОМИНАЦИЈА ЗА УСАИН БОЛТ

Шесткратниот освојувач на наградата на Меѓународната атлетска федерација за најдобар атлетичар во светот, Усаин Болт, оваа година не е номиниран за истата. На списокот се десетмина атлетичари во различни дисциплини.

Во машка конкуренција за титулата најдобар во светот се наоѓаат: Мутас Еса Баршим (скок во височина), Павел Фајдек (кладиво), Мо Фара (трчање), Сем Кендрикс (скок со стап), Илајџа Манангој (трчање), Луво Манонга (скок во далечина), Омар Маклид (трчање), Кристијан Тејлор (трискок), Вејд ван Нијкерк (трчање), Јоханес Фетер (копје)

Во женска конкуренција на листата на атлетичарко кои се во конкуренција за овој наслов се: Елмаз Ајана (трчање), Анита Влодарчик (кладиво), Марија Ласицкене (скок во далечина), Хелен Обири (трчање), Сали Пирсон (трчање), Сандра Перковиќ (диск), Бритни Ријс (скок во далечина), Кастер Семења (трчање), Екатерина Стефаниди (скок со стап), Нафисату Тиам (седмобој)

Церемонијата за прогласување на најдобрите е предвидена за 24. ноември.