НЕИНТЕРЕСНО НА ВРВОТ, МЕШАНИЦА НА ДНОТО

Утре во рамките на 29. коло од Првата Македонска Фудбалска лига, на програмата се четири натпревари. На Градскиот стадион во Штип, Брегалница во борбата за опстанок ја пречекува екипата на Пелистер, а во Скопје, на стадионот во Ѓорче Петров ќе се сретнат Македонија Ѓ.П и Ренова.

Бодови за избегнување на најлошото очекува и прилепска Победа која на игралиштето “Могила” ќе се обиде да го совлада Силекс од Кратово.

Дербито на колото се игра во Тетово, каде што се среќаваат Шкендија и Вардар. “Црвено-црните” имаат голема предност, речиси можеме веќе да ги приогасиме и за шампиони оваа сезона, но сепак не треба да и се одземаат шансите и на Шкендија за освојување на титулата, макар тие биле и теоретски. Ривалството кое владее меѓу овие два клуба е добра гаранција дека во Тетово ќе биде прикажан добар и интересен натпревар.

Последната средба од ова 29 коло ќе се одигра во четврток, а во него Работнички ќе му биде домаќин на Шкупи.Сите средби полнуваат во 16 часот.