Фолк-ѕвездата Наум Петрески, по повод 30-годишната кариера, ќе одржи јубилеен концерт, и тоа на 22 април, во “Метрополис арената”.
Ова нема да биде само обичен концерт туку несекојдневно мегашоу, на кое, освен промоција на новите хитовски рефрени од последното цеде “Грло ненапеано”, ќе бидат отпеани и многу познати легендарни македонски хитови. На овој концерт, признание на Наум ќе му оддадат и многу пријатели од естрадата, пејачи, актери, кои ќе му бидат гости.

Ова ќе биде само еден ексклузивен концерт на Наум Петрески, човекот со глас што никого не оставил рамнодушен.
Организатор на концертот е продуцентската куќа “Аворд”.