Научниците конечно ја открија мистеријата зошто овие перјасти розови убавици стојат во фамозната поза на една нога: се покажа дека фламингата може да заштедат повеќе енергија кога стојат на една нога отколку на две.

Истражувањата на група американски научници покажаа дека нозете на фламингото имаат механизам што ги фиксира во едно место кога ногата е исправена, што значи дека не бараат дополнителна мускулна активност откако ќе се активира механизмот.

Професор Јонг-Хуи Чанг од Институтот за технологија во Џорџија и доктор Лена Х. Тинг од Универзитетот „Емори“ во Атланта претпоставувале дека нозете на овие прици имаат некоја специфична карактеристика што ги „здрвува во место“, па направиле испитувања на два трупа на фламинга што ги добиле за испитување од Зоолошката градина во Бирмингем.

Кога Чанг ја фатил ногата на мртва птица и ја исправил, ногата се фиксирала во исправена состојба, дури и без активна мускулатура.

„Тогаш знаев дека сме на пат до откритие“, вели Чанг.

Мртвите птици не можело да стојат во исправена положба на двете нозе, но кога само едната нога била исправена, таа стоела фиксно исправена.

Потоа научниците го истражувале баланисрањето кај осум живи млади фламинго птици и откриле дека кога се помалку активни помалку се занишувале на една нога, а кога спиеле биле псотабилни и трошеле помалку енергија застанати на една нога.

Иако научниците велат дека е потребно да направат уште тестирање за да го проучат новооткриениот механизам што би имал примена во областа на протетиката и роботиката.