НАСА ја најави својата прва мисија со која човекот „ќе го допре Сонцето“. Роботското летало од проектот „ Solar probe plus” би требало да биде лансирано во летото 2018 година, со цел да собере податоци од сончевата корона – надворешниот дел од атмосферата на Сонцето.

Се работи за најоддалечениот дел на сончевата атмосфера, за која сѐ уште е непознато како е можно да е неколку пати поврела од површината на Сонцето, со температури од 500.000 степени Целзиусови и повеќе. Податоците во врска со короната се од непоценлива вредност да се објасни животот на Земјата. Короната е важна за постоењето на „Сончевите ветрови“- непрекинато струење на наелектризирани честички кои би можеле да влијаат на животот на Земјата.

„Во орбитата на Сонцето, во еден момент, на оддалеченст од 5,9 милиони километри од површина, леталото ќе се соочи со топлина и радијација без преседан во историјата на вселенските истражувања. Леталото ќе ја истражува надворешната атмосфера на Сонцето и ќе спроведува важни набљудувања со цел да се одговори на повеќедецениските прашања за тоа нај кој начин функционира оваа ѕвезда“ – објаснува НАСА.

Собраните податоци ќе помогнат да се подобрат предвидувањата за големите вселенски временски случувања кои влијаат на животот на Земјата, како и на сателитите и астронаутите во вселената.

Леталото ќе мора да издржи 1.400 степени Целзиусови при зрачење кое е 520 пати поголемо од просечната инсолација на Земјата. Од ова би требло да го заштити 11,5 сантиметри дебел слој направен од карбонски композитни материјал.

Леталото ќе биде тешко 610 килограми, со внатрешна апаратура која ќе ја придвижува снага од 343W. Неговата висина ќе биде три, а должината 2,3 метри.

Првата најблиска средба на леталото со Сонцето би требало да се случи на 19 декември 2024 година. Дотогаш,  дури седум пати ќе прелета толку блиску до Венера, што  ќе ја користи нејзината гравитација како еден вид „чатал“ кој ќе ја зголемува брзината на леталото.

Орбитата на леталото ќе биде изразено ексцентрична – дури 108 километри во најоддалечената точка од ѕвездата, односно малку зад орбитата на Венера.

Според проценките, целиот проект – од изградбата, лансирањето со ракетата  „Delta IV Heavy” и управувањето ќе чини помеѓу 1,2 и 1,4 милијарди долари.

Лансирањето е планирано за 31 јули 2018 година.