Според грчкиот мит Мента била нимфа која била прогонета од богот на подземјето Хад. Ја спасила кралицата Персефона претварајќи ја во нане. Се смета дека нането потекнува од Далечниот исток. Го има скоро насекаде низ Европа, но најмногу се користи на Медитеранот. Познато е по својот мирис, вкус  и лековитото дејство. Најупотребуваниот хибрид е Mеntha piperita.  Најбитна состојка на етеричното масло од нането е Ментол (60%) и Ментон (16%) и поради тоа, се користи во фармацевската, козметичката и прехрамбената индустрија. Етеричното масло се користи во производство на шампони,  сапуни, пасти за заби, бонбони и гуми за џвакање. Доколку сте во можност консумирајте свежо нане бидејки е побогато со фито – материи витамини и антиоксиданси. Во исхраната се употребува и како зачин бидејки го подобрува варењето на храната. Исто така, листовите од нането ги бркаат глувците, мравките и болвите.

Нането се покажало како лек при:

  • Стомачни заболувања,пролив и надуеност
  • Заболување на дишните патишта и различни воспаленија како астма и алергии
  • Нервоза и стрес
  • Цревни заболувања
  • Делува против вртоглавици и мигрени
  • Облогите од нане го смируваат исипот на кожата или црвени очи
  • Помага при воспаленија и инфекции
  • Го зајакнува имунитетот
  • Спречува болести на непцата и лош здив
  • Во ароматерапијата маслото се препорачува кај акни, тегоби со жолчка и црн дроб
  • Во масажа при воспалени мускули

Нането не би смееле да го консумираат бремени жени, доилки, доенчиња, луѓе кои се алергични на ментол и луѓе кои имаат проблеми со желудечна киселина. Исто така консумирање на преголема количина чај од нане, може да доведе до пролив, грчеви, болки во мускулите, осип и поспаност.