НАЈВАЖЕН РЕЗУЛТАТОТ ВО СКОПЈЕ

Два дена ракометарите на македонската репрезентација во полн состав се подготвуваат за квалификацискиот двомеч со селекцијата на Исланд. По доаѓањето на Кире Лазаров, Дејан Манасков и Филип Талески, селекторот Раул Гонзалес ги има на располагање сите ракометари на кои смета за овие два натпревари. Дека нема да биде лесно свесни се сите. Исланд пред една година направи една смена на генерации, и располага со претежно млади ракометари, извонредно квалитетни и брзи. Па сепак квалитетот на нашата селекција е одличен и шанса за пласман постои, а сигурно е дека натпреварите ќе бидат извонредно возбудливи.

– Сигурно е дека ќе имаме два тешки натпревари. Тоа што го посакувам е победа во Скопје. Всушност во овој двомеч најважно е што ќе направиме на домашен терен. Мислам дека имаме играчи кои сакаат да тренираат и да играат. Исланд има одлична млада екипа, а нивни најдобар ракометар е Арон Палмарсон кој игра во Веспрем и кој се наоѓа во одлична форма – изјави селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес.

Натпреварот во Скопје ќе се игра во четврток “ВИП Арена” со почеток во 20 часот.