Познатата гоџи бобинка која потекнува од Азија содржи дел од најхранливите и најздравите состојки кои со години се користат за различни медицински цели. Светските здравствени експерти ја нарекуваат „суперхрана“, бидејќи содржи материи кои ретко кој друг производ ги содржи. Но, главната карактеристика на гоџи бобинките е начинот на кој тие влијаат против стареењето. Во продолжение прочитајте дел од причините зошто ова овошје е важно за одржување здрава и еластична кожа.

Најефикасен природен лек: Гоџи бобинки за еластична и здрава кожа

1. Минерали. Гоџи бобинките содржат 11 од сите 22 есенцијални природи минерали, вклучувајќи калциум, калиум, железо, цинк и селен. Иако секој од нив врши различни функции во кожата, сите тие помагаат во одбраната од штетните ефекти на слободните радикали, а многу од нив го поттикнуваат производството на колаген и еластин, овозможувајќи кожата да остане затегната и флексибилна. Освен тоа, повеќето од минералите кои ги содржат гоџи бобинките се од суштинско значење за способноста на кожата да се регенерира и исцели.

2. Аминокиселини. Тие се, во својата суштина, пептиди кои помагаат во пополнувањето на ситните брчки, помагаат кожата да биде мазна и нежна и го изедначуваат тенот и бојата. Освен тоа, тие помагаат и во хидратацијата на кожата и не предизвикуваат иритации.

3. Витамин Ц. Гоџи бобинките содржат високо ниво на витамин Ц кој, помеѓу другото, е познат и по тоа што го подобрува производството на колаген, го забрзува зараснувањето на раните и ја штити кожата од оштетувањата предизвикани од делувањето на токсините. Витаминот Ц помага и во избелувањето на старечките пеги и дамките настанати како последица од штетното делување на сонцето.

4. Каротеноиди. Тоа се флавоноиди како што е бетакаротенот, зеоксантинот, лутеинот, ликопенот, критоксантинот и ксантофилот. Тие ја штитат кожата од штетните УВ зраци, а познати се и по тоа што помагаат таа да го одржи својот природен, здрав сјај.

5. Полисахариди. Овие компоненти имаат антиоксидансни својства и помагаат кожата да ја задржи и зголеми хидратацијата. Познати се и под називот „состојки за регенерација на кожата“, помагаат во намалувањето на воспаленијата и ја штитат еластичноста на кожата.

Најефикасен природен лек: Гоџи бобинки за еластична и здрава кожа

Кога сите наведени својства ќе се спојат, се добива еден силен состав кој делува на повеќе различни нивоа против стареењето. Повеќето синтетички и хемиски состојки помагаат најчесто само кај една работа, максимум две. Од друга страна, гоџи бобинките се природни и даваат неколку корисни ефекти одеднаш, а со оглед на тоа што се наоѓаат во својот природен облик, имаат тенденција подобро и поефикасно да реагираат со кожата, давајќи побрзи и потрајни резултати. Гоџи бобинките можете да ги пронајдете во повеќето продавници за здрава храна или да нарачате органска козметичка крема направена од ова овошје. Во двата случаи ќе бидете повеќе од задоволни од резултатите.