НАДАЛ ЗА ИСТОРИЈА

Рафаел Надал влезе во историјата на тенисот откако со победата над Стен Вавринка во финалниот дуел,  ја освои десеттата титула на “Ролан Гарос”. Овој турнир важи за омилен на шпанецот, па тој не ја пропушти можноста по десетти пат да ја стави победничката круна на главата.

Полесно од очекувањата, Надал со 3-0 го совлада Вавринка. Швајцарецот одигра добро на овој турнир, но тоа траеше се до финалето, кога налета на супер-расположениот Надал, кој во сите три сета загуби само 6 гема. Натпреварот по гемови заврши 6-2, 6-3, 6-1.

Со оваа победа Надал се искачи на второто место на АТП листата Зад Енди Мареј кој е на нејзиниот врв. Вавринка е на третата позиција, додека досегашниот број два Новак ЃоковиЌ падна на четвртото место.