НАДАЛ ГО ОСВОИ МАДРИД

Шпанецот Рафаел Надал, го освои турнирот во Мадрид, откако во финалето го совлада австрискиот тенисер, Доминик Тим со 2-0 во сетови (7-6, 6-4). Ова е петти пат Надал да го освои овој турнир, што само покажува дека кога се работи за земјени терени останува неприкосновен.

За Надал ова е 30. трофеј на Мастерс турнирите, а 52. на земјени терени. Што се однесува за вкупниот број на освиоени турнири, бројката е импресивна и изнесува 72.

Сепак шпанецот не застанува, бидејќи веќе денеска продолжува со натпревари. Негов нов предизвик е турнирот во Рим.