МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ ПОВЕДЕ ВО ФИНАЛЕТО

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1-0 во финалето на плеј оф натпреварите во кое се среќава со Карпош Соколи. Во првиот натпревар од серијата, МЗТ Скопје Аеродром во салата “Јане Сандански” го совлада тимот на Карпош Соколи со 77-76 (19-21, 22-19, 12-21, 24-15).

Беше тоа неизвесен натпревар во целиот негов тек. Шанса за победа испуштија гостите кога имаа напад на 17 секунди до крајот, но Доминик Мавра не успеа да постигне кош при резултат 77-76.

Најефикасен во екипата на МЗТ Скопје Аеродром беше Ѓорѓе Дреновац со 26 постигнати поени, а кај поразениот најефикасен со 21 кош беше Кендрик Пери.

Вториот натпревар од оваа финална серија се игра утре во “ВиП Арената” на СРЦ “Борис Трајковски”.