МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ ПО НОВА ПОБЕДА

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, денеска ќе атакуваат на нова победа во АБА -лигата. Откако го совладаат белградски Партизан, “штрковите” денеска во 18 часот се среќаваат со екипата на ФМП која во претходното коло загуби од Цедевита. Во редовите на МЗТ нема еуфорија. Тренерот Александар Тодоров држи се под контрола, а за вечерашниот дуел вели:

-Очекувам тежок натпревар каков впрочем ќе биде и секој од преостанатите 21 без оглед дали ќе се игра во Скопје или надвор.ФМП е екипа во која не играат толку звучни имиња како во Партизан, но затоа одлично функционираат како тим. Секој нивни играч одлично си ја знае улогата, почнувајќи од огромниот Оџо, кој го контролира рекетот, па до Човиќ кој има целосна слобода во нападот.