МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ И КАРПОШ СОКОЛИ “БРКААТ” ПРЕДНОСТ

Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аердром вечерва ѓе го играат третиот натпревар од серијата до три добиени, по што ќе биде познат и шампионот на Македонија во кошарка. Секоја од двете екипи го искористи домашниот терен, извојува победа пред своите гледачи, па резултатот гласи 1-1.

Тренерите на двата тима се внимателни пред вечерашниот дуел, со оглед на тоа дека ова е можеби и најзначајниот. Која и од екипите да стигне до втората победа, не само што ќе биде блиску до конечниот успех, туку и на противникот ќе му наметне голем психолошки товар под кој тешко се игра. За таа цел, домашните, Карпош, одлучи влезот за публиката да биде бесплатен, за да можат што повеќе гледачи да влезат во салата.

Следниот дуел меѓу МЗТ Скопје Аердром и Карпош Соколи е на 21 мај.