МЗТ КАЗНЕТ СО 1000 ЕВРА

Македонскиот учесник во АБА -лигата, МЗТ Скопје Аеродром, е казнет со 1000 евра од спортскиот директор на лигата, Жарко Чабаркапа поради фрлање на тврди предмети од страна на неговите навивачи на натпреварот со Партизан. Истата казна Чабаркапа му ја изрече и на Партизан поради истата причинам но овојпат тврдите предмети на истата средба ги фрлале неговите навивачи.

Поради тоа, раководството на МЗТ Скопје Аеродром, упати апел до своите навивачи, во иднина да се воздржуваат од фрлање на разноразни предмети на паркетот.

-Со цел да се избегнат доплнителни празнења на клупската каса, Управата на МЗТ Скопје Аеродром апелира до сите навивачи, симпатизери и љубители на клубот, да се воздржат од фрлање на било какви предмети кон актерите на теренот. Со таков гест не се празни само касата, туку се руши и имиџот на клубот кој го имаме во кошарката и во Аба-лигата. Помошта од трибините ни е и тоа како потребна но на начин кој нема да педизвика никакви санкции. Казната за вакви и слични прекршоци во некој следен случај би била драстично поголема-се вели во апелот на МЗТ Скопје Аеродром.