Монодрама „Песни за татковината” на Темелковски во Крива Паланка

Монодрамата „Песни за татковината“ на актерот Петар Темелковски вечер ќе биде изведена пред кривопаланчани на отворената летна сцена на плоштадот Карпошово востание од 20 часот.

Монодрамата е авторски проект на Темелковски по повод 75-годишнината од смртта на поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров, кој напишал голем број патриотски песни за својата земја.