Министерството за финансии ја презема иницијативата за PayPal

Министерството за финансии официјално ќе се обрати до PayPal за да се отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” (receive) во Македонија преку платежниот сервис PayPal.

Ова е заклучокот од вчерашната средба што се одржа во Министерството за финансии, а на која присуствуваа претставници од Министерството, министерствата за економија и за информатичко општество и администрација и од четири банки во Македонија.

– Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку PayPal, стои во соопштението објавено денеска од страна на Логин системи кои се иницијатори за воведување на PayPal