Министерот Саљији се сретна со британскиот амбасадор Гарет

Министерот за правда Билен Саљији денеска се сретна со амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет.

На средбата Саљији му се заблагодарил на Гарет и на британската Влада за досегашниот придонес во целокупниот развој на Република Македонија, соопштија од Министерството за правда.

Саљији го известил амбасадорот и за планот и стратегијата на Владата на Република Македонија и Министерството за правда во однос на реформите во правосудство.

Од Министерството наведуваат дека Саљији го уверил Гарет дека ќе работат максимално во изградбата на едно независно и самостојно судство, подалеку од политиката, овозможувајќи им на судиите и обвинителите да работат слободно, согласно законите и начелата на правото.

Министерот Саљији од амбасадорот Гарет, како што се посочува, добил гаранции за поддршка за реформите и на сите политики кои водат кон развојот на позитивен дух во општеството.