МИЛАН ТРГНУВА ПО МОРАТА

Еден од најдобрите италијански и светски клубови, Милан, направи вистинска трансфер бомба во овој преоден рок, со оглед на тоа дека донесе речиси цел нов тим. Но, тука не е крајот на пазарењето. Имено, Милан сериозно тргнува и по напаѓачот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Алваро Мората, за кого е подготвен да плати огромни 70 милиони евра. Реал бара 90 милиони, меѓутоа со оглед на тоа дека се работи за два големи клуба и освен тоа искусни во пазарот на фудбалери, нема да биде изненадување доколку Мората наскоро истрча на “Сан Сиро”.

За Алваро беа заинтересирани и Челзи и Манчестер јунајтед, но од тоа ништо не излезе. Ова би било враќање на Мората во Италија со оглед на тоа дека веќе играше во Јувентус.

Мората би заработувал по 10 милиони евра годишно.