МЕТАЛУРГ СОЗДАВА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

Утре во Скопје, во петтото коло од рамките на СЕХА лигата, Металург ќе се сретне со екипата на ППД Загреб. Помошникот на Лино Червар, Александар Јовиќ, во врска со тој дуел, изјави:

-Ова ќе биде потежок натпревар од оној со Спортинг во ЛШ. Мораме да ја повториме таа игра, но истовремено не смееме да промашуваме толку зицери. Ќе играме со истиот состав како и со Спортинг. Наша примарна цел е оваа година низ натпреварите од СЕХА-лигата и ЛШ да создадеме иднина на македонскиот ракомет. Впрочем 90% од репрезентативците кои играа на СП за ракометари до 21 година во Алжир беа од Металург-изјави Јовиќ.

Натпреварот со ППД Загреб се игра утре во 20:45 минути во салата во Автокоманда.