МЕТАЛУРГ БАРА ПАРИ ЗА ЈЕВТОВСКИ

Како што објавуваат бугарските медиуми, Металург го пријави Локо Пловдив во УЕФА за неиспшлатени 100 000 евра на име Такса за тренинг компензација за играчот за врска Стефан Јевтовски. Овие средства се исплаќаат за фудбалери до 23 години како обештетување на клубот затоа што го оформил играчот. Доколку УЕФА ја прифати жалбата на Металург, Локо може да загуби три бода, па дури и да биде суспендиран. Тоа е правило на УЕФА и треба да се почитува и добро е што Металург ќе ја бара правдата.

Но се поставува прашањето со какво лице Металург бара пари за Јевтовски кога токму овој играч беше суспендиран од својот клуб затоа што ја бараше правдата. Тогаш Металург не сакаше ни да слушне да им исплати три плати на играчите и наместо тоа го суспендираше и него, и Виктор Ангелов и уште неколку други играчи.