МЕЧОТ НА САНТЈАГО БЕРНАБЕ КЛУЧЕН

Вечерва во Мадрид, на легендарниот “Сантаго Бербнабе”, ќе се одигра првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони меѓу Реал и Атлетико. Оваа средба ќе биде всушност рееприза на ланското финале кое се одигра на “Сан Сиро” во Милано, и која заврши без победник 1-1. Реал го освои трофејот по подоброто изведување на пенали.

Две години претходно, Атлетико беше многу поблиску до титулата, бидејќи водеше се до 93 минута со 1-0, а потоа Рамос израмни. Во продолжението “Кралскиот клуб” постигна уште три гола и ја освои европската титула.

Ако сака да се реваншира за двата финални пораза, Атлетико ќе мора вечерва да одигра максимално сконцетрирано и добро, и ако е можно патникот да го реши уште на “Сантјаго Бернабе”. Секој пораз би можел да биде фатален за избраниците на Диего Симеоне. Натпреварот почнува во 20:45 часот, а реваншот е на 10 мај.

Второто полуфинале се игра утре, а се среќаваат Монако и Јувентус.