МАНЧЕСТЕР Ј. ПАТУВА ЗА ВИГО

На денешната ждрепка во Лигата на Европа, која се одржа во Нион, беа извлечени полуфиналните двојки од ова второ по квалитет фудбалско натпреварување. Холандскиот Ајакс, во првата полуфинална средба ќе му биде домаќин на Олимпик Лион, а во вториот дуел, Селта од Виго ќе го пречека англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

Првите натпревари се играат на 4 мај, а реваншите се закажани седум дена подоцна. Финалето во Лигата на Европа ќе се игра на 24 мај во Стокхолм.