Македонско-турски бизнис форум

Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО), Стопанската комора на Измир и Стопанската комора на Македонија, организираат Македонско-турски бизнис форум, што ќе се одржи денеска во Скопје.

На форумот ќе учествуваат компаниите од ИТК и здравствен сектор, а целта е унапредување на корпоративната соработка, заедничко учество во ЕУ  проекти и заеднички настап на трети пазари.

Од страна на Измирската комора ќе бидат присутни 22 компании од кластерите од оваа област, а од македонската страна 20 компании од Здружението на ИКТ и Асоциација на приватните компании од здравствен сектор.