МАКЕДОНСКИТЕ ОДБОЈКАРИ АТАКУВААТ НА ЗЛАТОТО

Македонската одбојкарска репрезентација денеска ги почнува натпреварите во Европската лига. Ова е четврто учество на одбојкарите на ова натпреварување. Во своето деби беа четврти, а во вториот и третиот настап стигнаа до финалето.

Планот, да се освои златниот медал нема да биде воопшто лесно остварлив, бидејќи прво ќе треба да се освои првото место во групата, во која покрај нашата се наоѓаат и селекциите на Азербејџан, Шведска и Албанија.

Ќе се игра на два турнира. Првиот натпревар нашата селекција ќе го игра во Скопје во салата на СРЦ “Борис Трајковски”, кој ќе се игра денеска со почеток во 19:30 часот, а противник ќе им биде репрезентацијата на Азербејџан. Вториот ќе биде во Тирана од 23-25 јуни против Албанија, а потоа следува завршницата во Данска, на 1 и 2 јули.

Распоред на натпревари

Денеска: 17:00ч:Шведска – Албанија, 19:30ч: Македонија – Азербејџан

Сабота: 17:00 ч: Шведска – Азербејџан, 19:30ч: Македонија – Албанија

Недела: 17:00ч: Албанија- Азербејџан, 19:30ч: Македонија – Шведска