Македонскиот тим „Нумеро уно“ на светскиот натпревар „НАСА Спејс апс челинџ“

Тимот „Нумеро Уно“ кој е дел од финалистите на NASA Space Apps Challenge 2017 во Скопје се натпреварува на глобално ниво против 140 тимови за освојување на првото место. За поддршка на македонските учесници може да се гласа на линкот https://2017.spaceappschallenge.org/auth/signupа.

На NASA Space Apps Challenge што се одржа од 28 до 30 минатиот месец во Скопје беа избрани три тимови, кои сега се натпреваруваат на глобално ниво за наградата посета на лансирање вселенско летало. Оваа година средношколците доминираа на Nasa Space Apps Challenge. Три тимови од кои два се Judge’s Choice, еден People’s Choice ќе се натпреваруваат за наградата посета на лансирање на ракета и меѓу нив жири комисија и претставници од NASA ќе го изберат победникот.

– Тимот Numero Uno ги плени срцата на публиката на овогодинешниот натпревар со своето три минутно видео за нашата планета Земја и ја доби номинацијата за  People’s Choice Award категоријата на глобално ниво. Огнен Аревски, Томислав Живковиќ, Никола Стефановски и Емил Славковски работеа на предизвикот „Earth is Cool!” зададен од НАСА, а целта на видеото ја објаснуваат во ова кратко видео. Преку нивниот видео спот испраќаат силна порака дека земјата е единствена, а воедно и го поставуваат прашањето ЗОШТО е земјата единствена? Нумеро Уно ќе се обидат навистина да бидат Нумеро Уно и да отпатуваат во Флорида на лансирање на ракета, но за тоа ќе им треба поддршката од сите нас, соопштуваат  од „Њуменс бизнис акцелераторот“,  организатори на натпреварот во Скопје.

Како што информираат, секој ден може да се гласа по еднаш за македонскиот претставник до објавувањето на победниците