МАКЕДОНИЈА СО ШАНСА ЗА ТРИ МЕДАЛИ

По најдобриот македонски каратист, Берат Јакупи, кој во недела ќе се бори за златен медал на ЕП во карате кое се одржува во Коџаели (Турција), уште две македонски репрезентативки се здобија со шанса да освојат медали.

Имено, Сара Радичевска и Јована Георгиева утре ќе се обидат да стигнат до бронзените медали. Интересно беше патешествието на Јована Георгиева, која ги совлада Јулија Рајтер од Австрија и Вероника Холодова од Словачка. Во одлучувачкиот дуел, со италијанката Сара Кардан, во кој требаше да се добие финалистот, одлучија судиите кои и беа понаклонети на италијанската каратистка. Натпреварот заврши со резултат 0-0, можеби Георгиева беше и подобра, но сепак Италија е многу повлијателна во овој спорт.

Жарко Арсовски и Емил Павлов не успеаја да го минат второто коло и беа елиминирани од борбите кои носат медали.