МАКЕДОНИЈА СО РЕАЛНИ ШАНСИ ВО ГРУПАТА

Младата ракометна репрезентација на Македонија, ги доби противниците во групата на СП за млади репрезентации кое летово ќе се одржи во Алжир. Македонија се најде во Ц групата заедно со селекциите на Шпанија, Тунис, Бразил, Буркина Фасо и Русија. Може да се каже дека имавме доста солидна ждрепка и дека се се тоа селекции со кои македонските надежи можат да се надигруваат. Се разбира овде Буркина Фасо е тотален аутсајдер, а другите селекции се онака народски кажано, “по мерка”.

Од секоја група во осминафиналето одат првопласираните четири селекции, што значи дека нашиот национален тим предводен од Темелковски има реални шанси за пласман, особено што во репрезентацијата играат и неколку сениорски репрезентативци како Талески, Неловски, Кузмановски…

ГРУПА А: Германија, Норвешка, Фарски Острови, Унгарија, Кореја, Чиле

ГРУПА Б:  Франција, Данска, Катар, Египет, Словенија, Чешка

ГРУПА Ц:  Шпанија, Тунис, Македонија, Бразил, Буркина Фасо, Русија

ГРУПА Д:  Исланд, Хрватска, Алжир, Саудиска Арабија, Аргентина, Мароко