МАКЕДОНИЈА ПАТУВА НА ЕП ВО ХРВАТСКА

Со победата над Чешка, машката ракометна репрезентација на Македонија обезбеди учество на завршницата на ЕП кое следната година ќе се одржи во Хрватска.

Победата на Македонија во ниту еден момент не дојде во прашање. Предводени од извонредниот Кире Лазаров, кој патем речено постигна 11 голови, македонската селекција имаше комплетена контрола на резултатот и во ниту еден момент не дозволи тој да биде загрозен. Одличната игра во одбраната, ефикасниот напад и расположениот Борко Ристовски, доведоа до вистински очај во редовите на чесите. Противникот едноставно не можеше да најде противигра, па високиот пораз беше неминовен.

На крајот резултатот гласеше 33-20.

Од репрезентацијата се прости Влатко Митков.

Македонија како прва во групата ќе се најде во привилегираниот шешир, а втора во нашата група е Чешка која исто така оди на ЕП. Поради тоа што е најдобра третопласирана од седумте групи кои во кои репрезентациите се бореа за пласман, селекцијата на Исланд исто така ќе учествува на собирот на најдобрите селекции на стариот “континент”.