МАЈК ТАЈСОН НЕПОЖЕЛЕН ВО ЧИЛЕ

Чилеанските власти му забранија престој на поранешниот светски првак во бокс, Мајк Тајсон, во нивната земја, и тој со приватен авион ќе биде вратен во САД.

Полицијата во Чиле соопшти дека Тајсон не ги исполнува условите за престој во оваа земја поради кривичните дела што ги има сторено. ПДИ, истражната служба на чилеанската полиција (пандан на ФБИ во САД), има право да забрани влез во земјата на лица кои се осудувани или се под истрага за кривични дела во својата земја.

-Тоа е причина поради која на Тајсон му е забранет влезот во Чиле, кривичните дела поради кои е осудуван – изјави Анаталија Алварадо, претставник на ПДИ.

Инаку Тајсон досега е осудуван повеќетпати. За силување на малолетничка одлежа три години затвор, а осудуван е и за физички напад и за поседување на кокаин.

Чиле е втората земја која ја спроведе оваа мерка. Во 2013 година тоа го стори и Велика Британија.